
Претседателот на
Република Македонија
и
Владата на
Република Македонија
Изложба на македонски народни носии од збирката на Владимир Јаневски
Хотел „Белви“ - лоби бар
Изложбата ќе трае од 10 до 16 септември, 2008 година.
Филмска вечер на македонскиот документарен филм (Во соработка со Кинотека на Македонија)
Хотел „Метропол“ - Сала: М1
Филмската вечер ќе се одржи на 13 и 14 септември, со почеток во 20,30 часот.
Изложба на слики и скулптури на македонскиот ликовен уметник Владимир Георгиевски
Хотел „Белви“ - Сала за изложби
Изложбата ќе се отвори на 10 септември, во 20,30 часот, а ќе трае до 16 септември, 2008 година.
За време на одржувањето на Конгресот се предвидуваат и други културни и уметнички приредби за кои попрецизно ќе бидете информирани со посебни соопштенија во местата на сместување.