
Претседателот на
Република Македонија
и
Владата на
Република Македонија
1. Етногенезата на Словените и историјата на словенските јазици во врска со историјата на словенската материјална и духовна култура. Прасловенскиот јазик и неговите дијалекти. Словенска етимологија. Старословенскиот јазик, неговата дијалектна основа и територијалните варијанти. Ролјата на црковнословенскиот јазик во формирањето на словенските литературни јазици. Текстологија на словенските паметници.
2. Дијалектологија и лингвогеографија на словенските јазици. Преодни дијалекти. Периферните дијалекти на словенските јазици, нивното заемно проникнување и контактите со несловенските јазици. Словенски елементи во несловенски дијалекти. Етнолингвистика. Актуелни состојби во словенските дијалекти од социолингвистичка гледна точка.
3. Словенска ономастика. Состојби во словенската онимија и нејзините промени. Создавање на корпуси (база на податоци) на словенската ономастика. Проблеми на ономастичката лексикографија.
4. Современите состојби во словенските стандардни јазици. Варијабилноста на нормата. Туѓи јазични влијанија на сите рамништа. Словенските јазици од социолингвистичка гледна точка. Глобализацијата и интернационализацијата во словенските стандардни јазици: состојби и перспективи. Типологија на јазичните состојби и јазичните ситуации. Јазична политика. Социолингвистичките и психолингвистичките аспекти на полилингвизмот.
5. Современи теории и методи во изучувањето на граматичката структура на словенските јазици. Комуникативни аспекти на граматиката. Типологија на словенските јазици. Граматиката и речникот.
6. Современи теории и методи за проучување на лексичката семантика и фразеологија. Јазичната слика на светот. Когнитивен, концептуален, етнолингвистички, лингвокултуролошки пристап.
7. Функционални стилови: состојби и перспективи. Разговорниот функционален стил во словенските јазици. Уметничколитературниот функционален стил и неговата карактеристика. Стилистиката и прагматиката. Религиско функционално-стилски комплекс.
8. Словенските јазици и корпусната лингвистика, проблеми со репрезентативноста на текстовите.
1. Епохата на Кирил и Методиј, периодот на словенската писменост и Охридската книжевна школа (лингвистички, литературно-теоретски, културно-историски аспекти).
2. Фолклорот на Словените. Проблеми во проучувањето на фолклорот и традиционалната духовна култура. Словенско-несловенски врски. Текстологија на фолклорот. Заемно проникнување на фолклорот и на уметничката литература. Градски фолклор.
3. Улогата на идеите на Просветителството во појавата националната самосвест на словенските народи.
4. Книжевни правци и школи во литературата на словенските народи-традиции и новаторство. Романтизмот и реализмот во литературата на словенските народи. Дезинтеграцијата на реализмот во крајот на XIX век и реинтеграцијата на реализмот во ХХ век. Симболизам, футуризам, експресионизам, надреализам. Поетиката на модернизмот. Официјалната и неофицијалната литература (1917-1989). Постмодернизмот во словенските литератури и во меѓународен контекст. Современи појави во словенските литератури. Специфични модели за развој на некои словенски литератури. Фантастиката и научната фантастика во словенските литератури. Масовната литература.
5. Дијалогот Исток-Запад во словенските литератури. Проблеми од заемното проникнување на националните култури. Глобализацијата, европските интеграциски процеси и потрагата по националниот идентитет.
6. Номадските аспекти на словенските култури и литератури (миграција, емиграција, прогонство, повеќедомност). Литературата на националните малцинства во словенските земји.
7. Придонесот на Словените во современите текови на книжевната наука: рускиот формализам, Бахтин и неговите следбеници, феноменологија, структурализам, семиотика. Словенски школи во версификацијата.
8. Философската, религиозната и политичката мисла на Словените. Светското и сакралното во словенските култури.
9. Компаративистиката, жанрологијата и словенските литератури.
10. Придонесот на Словените во светската култура. Преплетувањето на културите: balkanica, slavica, europeica.
1. Словенската лингвистика, книжевната наука, фолклористиката и културологијата низ историскиот развој.
2. Местото и улогата на славистичката периодика: состојби и перспективи.
1. Животот и творештвото на Кочо Рацин (по повод 100-годишнината од неговото раѓање)